лајтмотив м.

лајтмотив (м.)

На неа се наоѓаат и впишани податоци за бојата и облиците на одредени делови од лицето но и на телото бидејќи една стрелка на сликата упатува кон анусот на вонземјанинот којшто не го гледаме, но сепак не го пропуштаме како лајтмотив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Новата песна што требаше да биде лајтмотив на Неделата на омразата (се викаше „Песна на омразата“) веќе беше компонирана и бесконечно се емитуваше преку телекраните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тесна врска со религиозното чувство кое провејува низ книгата - кое не го загрозува, туку само го зголемува нејзиниот уметнички впечаток - е темата на „божјите луѓе“ како комплементарна со тоа чувство, теми која е централен лајтмотив на оваа книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како можеме да веруваме дека сме значајни во овој сервилен свет. А само сме лајт-мотив за памфлет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)