лажичка ж.

лажичка (ж.)

Садие пред малку донесе... Уште помилозливо, помеко говори жената. Поштарот зафаќа со врвот од лажичката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чашите се високи, дебели, иста боја како потето и плитката стаклена посуда, со две прегради, во која сјајат лажички со гравирани дршки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само знаеше, иако тоа знаење не му носеше никаква утеха, дека една таква празнина носеше под својата лажичка и оној таму, носеше оној и нешто повеќе од тоа, со сета онаа раскрвавеност на левото бедро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една празнина под лажичката, што мораше да му поигра, кога се приближуваше вака, па ако сакаше да биде и илјада години ловец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доктор Коста редеше врз мало монтажно масиче чаши, лажички, сечеше леб, со неизбежното луле во устата.. Долината наоколу пулсираше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само да го нападам ова црвче што ме нагризува под лажичката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој ми се придружи, црн и исфудулен, излокан под лажичката како да е престегнат со ременот или пак умрен од глад.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И како дулците дурлеа и цедеа, така мене ми лекнуваше, низ раката до рамењата, од рамењата до градите, до душата под лажичката, до малото срце под ребрата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но мора да беше тој, зашто човечето си побара од наречената братучеда да го почести, па мајка му отвори една тегла со зашеќерено слатко и му ја тупна со забришана лажичка и чаша вода, токму онака како што правеше со окупаторските војници што ни упаѓаа дома како неканети гости и без збор благодарност или насмевка ќе ѝ ја вратеа теглата откако ќе ја испразнеа до дното, не задржувајќи ја ни за спомен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И реков дека има и други лажици, нив не треба да се мачиш да ги преполнуваш а кафето ќе излезе токму такво какво што го посакуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му полазуваше таа на моменти од лажичката по сета снага како врели морници пред некаква неизвесност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А лажичката стои на-земја занес желна, коитус.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Појадувавме леб со лажичка путер и чај, а потоа излеговме пред бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие лажици и лажички ги имаше во кујната толку многу што тој кога ќе го видеше тоа купиште, добиваше волја да земе да ги расфрла.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Приближно во тоа време тој се чудеше што се случува со лажиците, особено со малите лажички кои толку често му притребуваа бидејќи имаше обичај сам да си вари чај и кафе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А најстрашно беше што таму мораше да запамети во која канцеларија кој какво кафе ѝ нарачал, кој со колку лажички шеќер пие...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)