лавабо ср.

лавабо (ср.)

Имаше неколку ВЦ-а во Билиевиот оддел, лавабо и фрижидер кој секогаш беше преполнет со грејпфрут и оранж џус - луѓето на спид просто умираат за Це витамин. (...) Луѓето главно беа педери, освен Дачис која беше „ноторен дајк“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како кога во игротеката ќе застанеше крај импровизираната кујна: таман ќе почнеше божемски да ги мие садовите, девојчињата кои притоа мораше да ги избутка за да дојде до лавабото застануваа до него наредени како пивски шишиња и со чудење го гледаа.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Човек може да се потпре само на мртвите предмети како што се штекерите, кваките, лавабоата, секогаш ги наоѓаш на старото место, и секогаш се исти“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во лавабото имаше планина од садови готови за миење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК