кучкин прид.

кучкин (прид.)

Место тоа државата отпушта многу пари, ја помогнува нашата Задруга, од сето тоа можеше да се направат многу убави работи, само да имаше малку поинаков квас во себе, она кучкино копиле, или да беше некој друг на негово место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штом децата ни ги облекоа така, штом ги вратија во бој, кучкините синови решиле да ни го искоренат коренот! - така велеше дедо ми. Така велеа и други.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А оттаму, кучкините синови, има таму една шепа од нашинците кои имаат големи уши и долги јазици, па и на лајното му викаат папо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не ме зезај, кучкин сине. Секако дека зезнато се чувствувам“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)