куче ср.
кучешки прид.

куче (ср.)

Целата ноќ што мислел и думал, за кај бил и сега каде е во таа пустелија кај што петел не пеал и куче не лајало.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АМПО: Море, ми ги наполни ракавите, куче кучешко! (Ѝ го дава бебенцето на Цонка.) На ти го, баба Цонке, доста го носев.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ако ти пуштило малце, братче ти е, ако е куче, пак ти е братче!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: Е, пара спечалило кучето! Кога го поткренав и видов дека е тешко помислив дека е сребро, а тоа, жено, злато! Ич на злато не ми отиде умов!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А полноќ е и сигурно сега и тоа куче ќе стигне дома и за да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ристаќи се појавува на балконот и точно кога Илија се издвојува од другарите стрела на него и го погаѓа тешко кој се срушува со зборовите: ИЛИЈА: Оф, Антице, ме отепа тоа куче, вујко ти!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Вака-така ја одвлековме од рацете на тоа куче да не ја земе. Свршивме голема работа.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го долижа медот, неначнатото парче леб му го фрли на кучето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Потоа - тројца акробати на трапез, пет дресирани кучиња, кловнови во шарена облека.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ме затворија и ме тепаа кучињата. - И опцу некако чудно низ штрбавата уста.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ајде де, шо се гледате како маче и куче!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сигурен дека кучето не може да излезе надвор, Бошко го фати клепалото на вратничето и затропа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само толку кажува песната за овие пелистерски јунаци и завршува како што почнува: Ој, Лумане,Лумане, Ој, куче касапско, Не ми ти е ланската година!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така да знаеш... За арамијата, за Лумана. Ми го фати прагот кучето...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрчна кон шумата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кучињата се исправија и тргнаа кон селото како и секогаш - две со стадото, едно, со железен браник околу вратот, по нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сети: кога како дете го виде отруено своето куче, со пена на исфрлените заби, со здрвени нозе и со мраз во позлатените очи, мислеше дека и самиот умира.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од големиот стог се стркала сонцето на пат и уплашено од кучињата се разбега низ тесните сокаци криејќи се зад малите прозорци на куќите Триејќи ги очите селаните ги врзуваат немирните кучиња за плот И свирејќи, со косите на рамо се разлеваат со сонцето по ливадите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе