кулак м.

кулак (м.)

Грд но безвреден потег на повредена жена на која и се завртело в глава дека јас сум ја потпишал заповедта да му се национализира богатството на оној нејзин кулак!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А што било? Јас можев веќе да ја заокружам приказната: Во ноември 1944 година, кога почнува посистематско собирање на таканаречените отпадници од народот, соработници со окупаторот, квислинзи, воени богаташи, кулаци и слично, за Борко Угрин се отворило ново поле за дејствување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Мајката си ја ебал тој Томе Манев. Му се пикна в гаќи на стрика Бориза и, иако кулак и реакционер во душата, помина како никому ништо.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Како што реков“, рече стрико Борис. „Значи наредба“, рече кулачкото газе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Томе се покажа меко газе, како некој обичен кулак и реакционер, каков што беше. Уште што не се расплака.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој е контраш. Тој е од кулаците. Имај го на око.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)