крстоса св.

крстоса (св.)

Негде пронајде две сламки, ги крстоса, насреде ја намести трошката.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шашливите очи се крстосуваа и гледаа - и во слепиот ѕид, и во улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во еден влажен ден патишатата ни се крстосаа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го виде него, тој некој од станарите, адвентистот, свиткан пред прагот, со накривена глава и со танко конче светлост од љубопитното око; ги крстоса рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мајко божја, ги крстоса рацете на гради. Сонуваш ли брак и мали Исуси в свила?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тоа беше смртоносната авионска партизанска тројка, која крстосуваше над друмовите каде што врвеа германски колони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Народот се точеше надвор од селото под разни изговори — оди на работа — жетва, вршење бачило.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се вооружија и формираа доброволна чета. Постојано крстосуваа околу селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неколку дена тие ги крстосуваа улиците на градот, барајќи стан.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)