крпеница ж.

крпеница (ж.)

Измореното лице му било соодветно со бечвите составени од секакви крпеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Која било стара крпеница или партал би послужиле подеднакво добро.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Значи, „културните парталчиња и крпеници” не се произволни историски изуми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Отпадоците, крпениците и парталите на секојдневниот живот”, пишува тој, „постојано мораат да се пресвртуваат во знаци на една кохерентна национална култура додека самиот чин на наративно изведување интерпелира сè поголем круг национални субјекти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се занишаа селаните потпрени врз веалките, се потсмевнаа со ќошињата на очите, ги затресоа бечвите и крпениците, ја подголтнаа празнината со сувите усти, зашто немаше што друго да проголтаат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Амам: промена на смислата Не кога ќе влезеш и кога ќе те заплисне врел и непроѕирен воздух не кога ќе те поклопат капките разлеани по ѕидовите реата, мермерот, мрморењето не кога ќе те обземе вртоглавица зашеметеност од празнината на амамот, полна пот, плот и пареа не кога ќе те погоди како отсјај во сон светлината подадена низ розетата дозирано, од високо не додека студеното сонце-иње од карши ги облагородува дрвјата, релјефите, порталите, фасадите на сараите туку кога ќе потонеш гола во гротлото ко крвава рожба во исцедокот од водолијата тукушто прсната, за да може да се слизне низ пенџерето на животот (на)право во царството на немилосрдноста кога збунетото тело ќе помисли дека секое друго место е подобро ама ќе остане и понатаму - таму без да се помести кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување од секојдневието, од агонијата на распадот (целото е мислена именка, далечно минато) кога ќе се престориш течен заборав божји благослов и ќе му се предадеш на телото мислејќи си ѝ се предал на психата егзотичното прелевање на смислата сѐ додека не се претвориш во прелив како таков кога ќе се испреплетат значењата едни со други и ќе се испретурат во кошницата на светогледот а ти ќе тргнеш во потрага по почетокот кога ќе сфатиш - Бизант е капија во темните агли на памтењето цела епоха е втисната како анатолиска крпенка во обичните зборови од твојот мајчин јазик во интимата на јазикот и се спровира низ капијата кон одаите и спалните дома кајшто по извесно време по извесна стварност потеклото се заташкува сродството се изобличува јазикот има свои потреби како и телото сфаќаш и тонеш во без-сознание зад јазикот, отаде нека почека ако те чека ... Истанбул, декември 2003
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тесната улица, која тогаш беше нашето единствено место за играње фудбал со топка крпеница од партали, е широка и само мерцедеси се движат во колони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаев дека тоа ти е само една од многуте крпеници на нашите неврзани и изнасилени разговори кои требаше да го спакуваат некако она што го правевме и кое во тој период тебе можеби и ти годеше,“ му рече Деница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Нека се реси, ти веднаш крпи го. - Па крпениците нема на што да се стават, нема за што да се зацврстат, премногу е ветво.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)