коњаница ж.

коњаница (ж.)

Тој ветар ќе ја повлече со себе пешадијата наострена за бој! Веднаш зад петици на коњаницата лута!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со штитови бележани со цртеж на сонце, долги копја спуштени шлемови, ќе јурне напред коњаницата создавајќи силен ветар!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Турската коњаница удри право на него.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По наговор на Кантакузин Османлиите се истовариле на Балканот и кај Стефанија поразиле еден одред на српската коњаница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Вовел нови видови оружје, опсадни справи и ја подобрил воената тактика со заедничко дејствување на пешадијата и коњаницата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Башибозукот претставувал помошна војска на османската армија, главно коњаница составена од нерегуларни и командно обезглавени, разединети и неплатени војници, демобилизирани од армијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дваесет години подоцна австрискиот војсководец генерал Пиколомини во писмото упатено до својот цар нагласува дека тврдината е ѕидана на стар начин, сега наполно без одбрана и вода, без простор за коњаница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)