којзнае зам.

којзнае (зам.)

Бино Антонов даскалот на Витолишча немаше којзнае каква педагошка подготовка и особена школа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Накажа толку, колку којзнае дали имаше во дуќанот на Пушмарко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Токо, којзнае дали ќе има работа на зима овде за мене, — изусти полн со надеж дека ќе им куртули годинава на снегот и селските свињи во неговото Полчишта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Геро него не го отепа, зашто имал многу деца и имотот не му бил којзнае колку голем.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Каков овчар? се крстам почудена. Којзнае има ли во селото десетина овци!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
– Така ли е работата? – пламна кадијата и кој одамна беше ја заборавил случката со грабењето на мариовските деца, и пак се насмеа, па продолжи со извесно сомнение во Селимовото раскажување: – Којзнае!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прва негова стихотворба. Убава? Којзнае. Тој не знае. Тој никогаш не пишувал стихови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оркестарот започнува да ја свири неговата љубовна мелодија што, којзнае зошто, секогаш му ги разнежнува чувствата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Патрокле не дава пари лесно. Којзнае што може да стане во оваа проклета зандана?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беше добро одмерено, тоа го одмерија кога се судрија очи в очи, а тој таму не се покажа којзнае како.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неа некој ја имаше донесено тука уште во првите денови и сите ја имаа прочитано по којзнае колку пати, така што лисјата ѝ беа станати дебели и разресавени од честото прелистување со нивните рапави прсти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше и ти да го откриеш еднаш она, што некои веќе одамна го знаеа, кога ги најде во тие соби и со оние ситници, што беа задружни, и кои, којзнае како, ти ги снемуваше една по друга од пред очите, без да го заушуваш тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зашто – леле! Којзнае што ќе станеше во станот на Зоки Поки, ако овој Фигаро умееше да држи ножици!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Порано Петко немаше којзнае каква печалба, но откога избувна Втората светска војна, работичката му тргна многу напред. Особено откога дојдоа Италијанците и Германците.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во старо време, којзнае пред колку години во тоа место прв си направил куќичка овчарот дедо Мацко.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со кметот којзнае што стана. Трча по сокаците како збудален.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе