кос (прид.)

Во шумата полека се пластеше темница. Косо издолжените сенки на дрвјата се распливнаа, во далечина планинскиот срт порасна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега потемнував од бес. Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога видел сѐ што му се носи, тој Чук Нам се насмевнал со очите коси: - Сето јадење дајте го на гладните од Виетнам.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Улицата повремено ја осветлуваат веди. Кос дожд се спушта под удар на западен ветар и по калдрмата потскокнуваат прскалки со жолти цистерни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им помогнам од една глутница да станат две, да ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Златната пена на нејзината коса блескала под косиот поглед на сонцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од обете страни на лицето му се протегаа коси линии на насобраната крв под кожата и се губеа кон густината на дивата брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби спиев. Потоа, кога ги отворив очите, ги видов ловците како се спуштаат од ридот кон кој урнатината на манастирот фрлаше коса сенка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од „Sapolin enamel“ (саполин емајл) го изведе анаграмот Apolinere Enameled; при дното испиша една криптична реченица: ANY ACT, RED BY HER TEN OR EPERGNE; на огледалато, над комодата, тој додаде слика на едно косо девојче што го бои креветот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Одеднаш стоеше на мала ледина полна со извори, една летна квечерина, кога косите зраци на сонцето ја позлатуваат површината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа само се сврте, ме погледна со своите коси очи и рече: „Ти мора да си целосна будала“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како глава на бројното семејство Буколовац, Трајко бил и чувар на амблемата – магарешка глава со ѕвезда на чело, а испод глава полегнати на во косо две секири и два долги ножа, сето тоа исцртано на одбранбен штит, кој го носеле пред себе нашите предци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бикот подзастана, затресе со главата од која шуркаше крвта и во бег го фати косиот пат кон реката, кон спилите од задната страна на Калето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Професорката Каљопи не ни предава македонски, туку немски, а на нејзино место е една тиха, дробнолика, со силно црвена уста, со коси веѓи и мали очиња.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога едно од групата соѕвездија ( јатото на ѕвезди од млечниот пат) гледано од земјата имало крива линија, според обликот им заличело на кос мост (искривен мост) па според тоа име и го нарекле кос мост.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Под рака се чувствува косата рамнина и меката патина на покривите, нежните пори на асфалтот, високо исправените опаши на мачорите. ’Дррр-вооо’, изговараш галејќи ја распуканата кора на јаболкницата во дворот, восхитувајќи се на совршеното разгранување на растението и на неговиот еквивалент во зборот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Неочекувано чувство го обзеде младиот човек, застрашувачка возбуда, и за да го одложи своето влегување во кулата, тој го одврза својот десен чевел и од него ја истресе нечистотијата, што беше се нафатила додека одел преку премачканите коси влезови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И не можевме да разбереме дека има црни луѓе со дебели бузи и широки носеви, а и луѓе со коси очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одново засветка. Дождот се засили. Истура, а ветерот, силен и налудничав, косо ги носи јадрите капки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)