костреш м.
костреши несв.

костреш (м.)

На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во едната гајба или црвеноперки, а во другата костреши; освен ако нема уште некоја под тезга, за постојаните муштерии што си порачуваат одвечер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А кострешот го викаат перкија, веројатно заради перките остри како кучешки заби.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако земаш полкило, рибарот ти црпе од црвеноперките - со тас, како од црква позајмен; ако земаш цело кило, ќе ти црпне и од гајбата со кострешот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И сите велеа едно исто: вакви пастрмки, јагули, летници, костреши и крапови, толку вкусни, нема никаде на светов.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако требаше да го стокми чунот и да оди на риба откога ќе заврши акшам намази, четвртата муслиманска молитва, тој веќе знаеше на кое место мрежата ќе му заграби најголемо јато белвици, а каде крапови и костреши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)