космополитизам м.

космополитизам (м.)

Но, нејсе, тоа е друго прашање. Остави ги лажните идеи кои те опседнуваат, космополитизмот, на пример.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Конечно 1910-1911 г. Берлин станува сцена на којашто експресионизмот во својата разновидност можел да се развива и спроведува пред космополитска публика.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Неколку месеци пред моето заминување во Албанија беше објавен на албански јазик есејот „Космополитските идеи во поезијата на Гијом Аполинер”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Вие сте забраздиле длабоко во буржоаскиот космополитизам. Ви нема спас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ друго за нив е кич; интернационализмот, космополитизмот, постмодернизмот, цинизмот – тоа за нив е кич и шунд и треба да се прогони.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Продолжуваше космополитската вокација на Битола.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но стануваше очигледно дека Татко сакаше да посочи пример на одбрана космополитска личност од балканската историја од османското владеење, во која откриваше и модел за својата балканвавилонска судбина, која можеше да му биде блиска и разбирлива и на Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се повикуваат, во одбрана на оваа космополитска теза и врвни авторитети, како Гијом Аполинер, кој бил цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)