космички прид.

космички (прид.)

Нивниот приод е космички и доколку во моите песни го има космосот, тие ќе го чујат и ќе се одгласат. ...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Маргиналецот не напаѓа фронтално, затоа што фронт нема; има безброј мали, ситни сцени што симулираат конфликт и чија резултанта е тој огромен, космички, ентрописки (во нас енграмски запишан, врежан ко испарена трага, и оттаму таа страшна воинственост, борба за простор, за нечија свест?!) раскол!?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Може ли да се оди дотаму да се каже како Duchamp-овата маѓепсаност со кружните форми, она што Gabrielle Buffet, зборувајќи за него, го нарече „опседнатост со круг”, маѓепсаност што се манифестираше од појавата на Мелницата за кафе 1911. и Тркалото од велосипед до бескрајното умножување на елипси во неговите Роторељефи и Оптички машини од триесетите години, одговара на Leonardo-вата опседнатост со вртлози, вирови опкружени со пена и коса, кружни и вртоглави плетки на една космичка perpetuum mobile?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Играта со културните нивоа на предметите по пат на амблеми, го допира и раширеното толкување на фетишите и општата космичка предметна заситеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш ја замислувам Америка како гигантска смукалка, машина за рециклажа, која вцицува сѐ на што ќе наиде а назад исфрла заводливи вреќи со ѓубре. Trash-от овде е подигнат на ниво на космички принцип: ѓубрето се произведува за да се конзумира, ѓубрето се фрла за да се произведува повторно. Trash-от е насекаде, trash-от е генетската шифра на човечкиот вид кого што Америка најјасно го препознала.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Алфабетот станува космички систем од шифри“. (Менендез Пелајо) Тука постоеле и одредени техники, на пример нам познатите палиндроми, повратниците или раковските стихови, потоа kaimat (зборовите се пишуваат еден под друг, при што секој пат се испушта по една буква), па аналогии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Подземните“ уметници и идеолози се алхемичари кои кореспондираат со космичкиот интелект.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зелениот дијамант можеби бил некаков космички истражувац во некаква си мисија, можеби облик на свест кој се појавил како плод на еволуција кај минералите, можеби некаква организирана и свесна заедница на минерали...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или го прифаќате размерот на нивните амбиции, нивната само-декларирана желба низ сопствените слики да ги преобразат гледачите, а потоа и светот, или пак останувате надвор, гледајќи ги како карикатури, комични повеќе одошто космички уметници, чија единствена цел е провокација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Така, џезот ќе стане универзален дух на планетата, еден вид светска музика на иднината, како што е тоа и класичната музика; формата на џезот е вселенска, универзална, и во суштина – интелектуална, а интелектуализмот не е национален, туку космички.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Огромната површина го потсетува на бескрајот што се простира не само, сега, под него, туку и во длабочините на небото и потаму, на бескрајот на космичкиот свод со кој, непоколебливо верува бен Цви, владее онаа семоќна сила што тој ја замислува како Создател.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седумте смртни греови суетата, многубоштвото, блудот алчноста, слабоста, охолоста, злосторот прераната смрт и поделбата на раси и класи крволочноста, разбаштинетоста подземјето и теророт, сѐ во име на народот и правдата Платоне поредокот е устроен од човек за уметност е настроен, за појезис за вешто строење жални и страшни собитија митови и митарења - што дека ечи заносно стремежот по идеалното дело космичко Божјо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога Господ го создавал светот кршејќи го космичкото јајце, ги создал небото и земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Низ едноставниот одвивачки образец на космичката еволуција, кој претставува вистинска историја на човечкиот род, а кој го сочинуваат: почнувајќи од геа- суперниорниот, атомите, Земјата како макроскопска материја, свесноста, преку менталното себство и универзалниот дух,па сѐ до квантниот вакум, можеме да се пронајдеме себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Пловидба којзнае дали корените на флората се изворите на езерото дали билките ткаат космички страсти во твоите очи или на разбој дали се опоравува љубовта кога едриме дали сме тоа ние изненадени од гостопримството на сонцето дали преоѓаме еден во друг и гинеме ли изненадени не се креваат облаците и нискиот притисок со небото од исти работи боледуваме никогаш нема да го разбереме знакот на пловидбата будни како извори носиме студена струја струја.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некаде помеѓу белката и жолчката на космичкото јајце, пулсираше живиот човек, со огромен потенцијал од битија, во зачнување, но никој не беше моќен да досегне до лушпата, уште помалку, надвор од маргините на космичкото јајце, надвор од моќната обвивка на Земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Повеќе