кор (м.)

Почитуван господине претседателе со госпоѓата, драги црковни и световни власти, ценет дипломатски кору, уважени гости од странство, драги пријатели, државјани и членови на НСК, почитувано општинство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На свечените вечери по повод државни посети на странски владетели, посебно на арапските, беа повикувани и претставници од дипломатскиот кор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Земјата- домаќин често за да покаже престиж, приврзаност, блискост, дури и влијание кон дипломатскиот кор организираше привлечни патувања во земјата, посета на значајни индустриски и културни центри, но најмногу внимание се приредуваше на дипломатските ловови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минаа крај дипломатскиот кор со војнички поздрав. Го познаваа сите, познаваше и тој многумина. Запре кога ме забележа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Без промоции по шминкерски кафиќи, без лажни гламури, без медиумски срања. - Хард кор маафака.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На крајот можам да наведам уште еден начин на самоубиство кој во Македонија речиси и никој не го практикува, а се смета за нај хард кор од сите претходно споменати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)