коректор м.

коректор (м.)

Сопругот на нејзината другарка дошол службено во печатницата каде што таа била коректор.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Освен што е вџашувачки неписмен и преполн со коректорски грешки, текстот изобилува со речиси поттикнувачки небулози и дисоцираност, со што се квалификува, меѓу другото, и за забавно четиво (да цитираме пар „антологиски бисери“: „изнедрени од сопствените пазуви“; „судбинска неотуѓивост на право за мирно и макроко-смичко диспанзивна субвенција“; „апогејно-високодострелна нивелација“; „историјата е небеневолетна /веројатно „небеневолентна“, наша заб./ и согласна за слични примати историски отспаки /веројатно „отстапки“, н.з., но небулозноста, сеедно, фура/; „дрво кое со тек на времето прераснува во еднотелесна интегрална шума од бројни коридорни стебла“ итн.).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Го насочуваат низ согледбите и ставовите креирајќи го јавното мнение како коректор на општеството и на неговиот вредносен систем.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)