кордела ж.

кордела (ж.)

Тој си го беше облекол свечениот костум, си ја беше ставил и сивата паларија, со новата светла кордела.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во одајчето јанови со исправени перничиња, среде одајче бакарен мангал, на прозорчето двојно перденце подврзано со бели кордели.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Молчеше и одеше Кијмет, се лизгаше како топло ветре низ сокаците, како ѕуница под облаците, како кордела од тишина, како стаена прашина врз камењата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со црвени кордели на русите плетенки, со кусо ѕвонесто здолниште во сите бои на едно ромско клопче, таа уште и дрнкаше на гитара со голи коленца едно врз друго, па немаше друштво што можеше без неа и немаше веселба без таа да е прва, макар што во учењето не се истакнуваше толку и добиваше преодни оценки благодарение на својот умилен изглед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој ден си го облече излитениот свечен костум, ја стави старата цариградска вратоврска, ја зеде на рака старата избледена сина паларија, но со нова црна кордела, која ја приши Мајка кога старата беше веќе истрошена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)