конфронтација ж.

конфронтација (ж.)

Ја инфилтрираше својата упорна - повеќе од интелигентна или тврдоглава - дисидентност без директна конфронтација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Врховниот комитет во Бугарија, како носител на великобугарската политика, веќе тргнал кон конфронтација со Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И така, ќе следи неколкудецениската историја на израелско-палестинската конфронтација, која ќе биде обележана од низа изгубени шанси.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Она што е уникатно според Хабермас е медиумот на оваа политичка конфронтација, односно јавното расудување: „Буржоаската јавна сфера може да се сфати пред сѐ како сфера каде приватните лица се здружуваат во јавност; тие наскоро тврдеа дека јавната сфера регулира одозгора наспроти самите јавни власти, за да ги вклучи во дебата во врска со општите правила кои ги раководат односите во основа приватизираната но јавно релевантна сфера на стокова размена и општествен труд.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
84 Медиумот на оваа политичка конфронтација беше необичен и без преседан: јавно користење на нивниот разум од страна на луѓето.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)