конференција ж.

конференција (ж.)

48. Не, браќа! Никаква конференција не нѐ спасува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кого треба да го бројат на конференцијата: Бугаринот, Србинот, Гркот?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се однесува за Цариградската конференција (1876-1877) на претставниците на европските големи држави (Русија, Англија, Германија, Франција, Австро-Унгарија и Италија) и на Турција, одржана во Цариград непосредно по Босанско-херцеговското востание и Српско-турската војна, како и по востанијата во Бугарија и во Македонија (1876).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истиот ден кога Мече беше кај командантот, бригадата се собра на конференција.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таа лежеше до него и со врв нокот чукаше по предните заби. „Беше мекуш“, млако одговараше. „Се враќаше доцна од конференции и легнуваше до мене како здробено пиле.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога се вслушав во разговорот меѓу татко ми и Вера, чув како тој ѝ раскажуваше за конференцијата на која бил вечерва, за тоа што таму зборувале.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Војната, окупацијата, крвниците, исчекувањето на Пролетта - Револуцијата, борбата, колективизацијата, бесмислените селски конференции, напорите на селскиот секретар Тацко Настејчин - цел еден спектар од историско социолошки премиси што го одредуваат животот и промените на нашето село во последниве дваесетина години е вткаен во лирско проѕирното ткиво на Чинговите прозни кажувања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но како никој, ни копуците, како што беше Борис Енда, не се согласуваше да влезе во колектив, Пената, на една конференција организирана за влегување во колектив и против бога, фати облог со мажите дека тој, ако се согласат тие да влезат во колектив, и за да им докаже дека веруваат во глупости, сам, ноќе на полноќ, ќе отиде на Самовилец и оттаму, за доказ дека бил, ќе го донесе копаничето со кое луѓето црпеа вода од кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Млад, неопитен и запален како и тукашните младинци, туку зеде по цел ден да држи конференции и да ги вие луѓето да стапат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Конференцијата ќе се одржи во ,Баљшој театар" и јас и Оливера уште в зори се забравме да чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На конференцијата ќе присуствува и Никита Сергеевич Хрушчов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Спорот беше зачнат уште по Балканските војни кога големите сили на Лондонската конференција ја формираа албанската држава, обележувајќи ја територијата само на карта, бидејќи поради војните што уследија, не можеше границата да се постави на теренот и да се разграничат местата меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Го извади од чантата Прогласот на Македонското Друштво во Женева упатено до народите во светот и до Конференцијата на амбасадорите во Лондон во која се образложува барањето за сопствена држава и почна да го чита, но полковникот Бонети го прекина: - Такви обединувања на Балканот никој нема да дозволи...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Укажа и на мислењето на рускиот цар Николај II, кој во тоа време изрично барал од Конференцијата на амбасадорите манастирот Свети Наум, како словенско светилиште, да му се додели на Кралството Србија, а со што се согласила и Австро-Унгарија...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ова ни сугерира дека на оваа конференција може да се соберат луѓе кои спроведувањето на терапијата го гледаат како разговорна активност; интерактивна, конструктивна активност: терапијата опишана како разговор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Отишла во некои рајнски бањи, а Хироши беше во Виена на некоја конференција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе