континуитет м.

континуитет (м.)

11 Неоспорно е дека литературата се движи како и сите уметности во континуитетот кој го овозможуваат врските меѓу одделни автори.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакаше сè што губеше на Балканот поради проклетото заостанување зад другите европски народи, во полнота и континуитет да го согледа во природната еволуција.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овој јазик зачува сѐ што сметавме дека е вредно пред социјализмот (од кубизам до надреализам) кога постоеше континуитет на развој со остатокот од Европа од почетокот на овој век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Може ли кон телото како дел од бескрајниот континуитет на тела воопшто да се врзе единствен субјект? ÂÂ За Спиноза индивидуалното тело е комплексно; го прават многубројни индивидуални тела.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, сѐ додека ја изговара, на некој нејасен начин континуитетот не е прекинат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој не разбра дека континуитетот на една олигархија не мора да биде физички, ниту пак застана да помисли дека наследните аристократии биле секогаш кусовечни, додека пак приспособливите организации, каква што е Католичката црква, понекогаш опстојуваа стотици или илјадници години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, кога го запозна Игора Лозински и неговиот проект, почна да верува во пошироката смисла и согласје на оваа идеја на континуитет во природните и во социјалните феномени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Големите империи во основата трагаа по воспоставување нов континуитет со нова војска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко посебно го плени Игоровото кажување за вечниот континуитет на животот во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш, две години пред историскиот настан, по ништо не можеше да се наслути дека овој тивок, црномурест, млад човек, со сјајна црна коса и благ израз на лицето, ќе ја сврти судбината на Тунис, внесувајќи ја земјата во нова ера, пред опасноста земјата да го изгуби цивилизацискиот континуитет до кој дојде Бургиба. Но за тоа подоцна!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но логиката дека амбасадорот во релацијата со претседателот односно монархот, му служи на народот, а не на режимот, чини и од генералниот секретар посебно одговорна личност на институцијата без запрен континуитет при политичките промени. ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беа дојдени, некои други луѓе во власта кои не почитуваа институционален континуитет како и во други земји во транзиција на Балканот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се будат во овој народ извори на невидена солидарност во душите на луѓето кои ги создале клучните институции на човештвото дури во десетвековен континуитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не му го откриваше на Климент Камилски својот крунски аргумент за да се откажат од проектот дека турцизмите, односно османизмите во подалечните времиња, останале како единствените сведоштва за историскиот континуитет на различните народи кои живееле во османскиот дел на Балканот, заемните влијанија меѓу балканските јазици кои придонесоа во создавањето заеднички менталитет олицетворен во балканскиот јазичен сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше обземен од мислата за арапско-османскиот континуитет преку исламската линија и неговите сведоштва во балканската меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК