конспиративен прид.

конспиративен (прид.)

Потоа се спријателил со двајца смеолики терикати со маузерки и конспиративно се побратимил со нив на вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Зошто? - прашувам. - Затоа што луѓето зборуваат дека во закланите свињи месарите пронаоѓаат златни ланчиња, прстени, златни забни круни... - конспиративно вели мама, а потоа мирно додава: - Впрочем, јас и онака не јадам месо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денес, кога луѓето ја изгубија својата сенка, итна е потребата да се биде следен од некого, денес кога секој ги покрива своите сопствени траги, итна е потребата некој да ви навлезе во трагата, дури и ако со тоа ја брише и прави вие да исчезнете; тоа е конспиративен начин на исчезнување, тука се игра некој симболичен облик на обврска, еден таинствен облик на врзување и разврзување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како конспиративна организација била поделена во три секции: СОЕ1 која била задолжена за пропаганда, СОЕ2 задолжена за изведување на операции и СОЕ3 задолжена за планирање.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Милан Саздов - пишува Шатев - преку целата зима ја исполнуваше наложената конспиративна задача со ентузијазам и секогаш со особена радост.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи поради строго конспиративната дејност на атентаторите сведоци тешко можело да се најдат, такви признанија за меѓусебните врски и конкретни динамитни акции се добивале од самите гемиџии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Павел Шатев, престојувајќи подоцна по задача во Бугарија, се сретнал со Христов, кој го однел во една конспиративна куќа и го запознал со Гоце Делчев и со Сандански.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од подморницата конспиративно излегува еден јапонски морнар, внимателно загледува наоколу, ослушнува... а потоа го крева погледот нагоре, кон голиот задник на убавата девојка...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ревносниот, дискретен и конспиративен Петар Иваз, никогаш не го кажуваше по телефон изворот на испратената телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше строг, крајно дискретен, конспиративен, педантен, секој збор му беше одмерен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Срцето не можеш да го излажеш ниту да го украдеш животот, не постои конспиративен к’смет, ќе биде тоа што треба да биде, тоа што е судено, веќе некаде напишано за сите нас, откажете се од илузиите дека е поинаку.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)