конверзација ж.

конверзација (ж.)

Целата конверзација којашто Хаксли ја водел за време на експериментот внимателно е снимана магнетофонски а Осмонд сѐ бележел.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Почна да работи и во неделата, а бидејќи замислите сѐ уште не беа дефинирани во неговата глава, немаше можност да ја вежба превртената конверзација што ја беа вовеле.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пушење. Во оваа група спаѓа и Shoulder, како и Space (“крупен план на шанкот на бифето додека рацете од време на време ги преместуваат чашите, а пригушената конверзација се слуша од позадината”).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Додека пловеа по преполните тротоари, никогаш сосем еден покрај друг и никогаш не гледајќи еден во друг, тие водеа необична конверзација во продолженија, која блеснуваше и се гаснеше како светилката на светилник, ненадејно прекината од приближувањето на некоја партиска униформа или од близината на телекранот, продолжена неколку минути подоцна од средината на реченицата, потоа нагло пресечена при разделбата на договореното место, и продолжена речиси без секаков вовед наредниот ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рада од прагот ја слушаше оваа конверзација која повеќе ѝ личеше на монолог.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По кратка, нејасна конверзација, па по долго убедување, откако колената ми ги испеглаа барем тројца чешајќи си ги мустаќите во исто време, убедувајќи ме дека сум Украинка или Романка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)