конвенција ж.

конвенција (ж.)

Нивниот статус на воени заробеници е заштитен со меѓународна конвенција и имаат посебно јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Биографиите се наредени по абецеден ред во рамките на еден материјал кој полека се надоградува, а податоците непрекинато се акумилираат и создаваат еден дискурзивен, отворен и незавршен есеј за природата на СНН и, бидејќи набрзо станува очигледно дека податоците во голема мера се филмски, тие исто така даваат материјал и за есеј за природата на филмската уметност и филмските конвенции, за раскажувањето и за други нешта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Очигледно потсмевајќи му се на оној што вообичаено се нарекува перверзен, во рамките и сексуалните обичаи и перспективи на гледањето, тој ингениозно ги нападнал и уништил овие статички конвенции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Целта на сите овие ритуали, конвенции, маскирања, собирања, системи од правила и приоди, е еден од парадоксите што самиот живот го воздигнуваат до уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова и слични дејствија, заедно со наративната структура која се измолкнува од сите конвенции на раскажување, се погрижија за тоа околу Burroughs одамна да се разидуваат мислењата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Математичкиот симболизам е конвенција на писмото, скриптурален симболизам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според тоа, во сите хипотези, математичкиот симболизам е плод на една секундарна елаборација, која претходно ја претпоставува употребата на дискурсот и можноста за сфаќање на експлицитните конвенции.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што луѓето уште од раѓање ги угнетува е јазикот, наметнатите вредносни категории, наметнатите конвенции за идентитет и перцепции што се развиле и коишто, во голема мера, атрофирале во развојот.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Кога, меѓутоа, зборува за сјајните постигнувања на подрачјето на формата, експресионистот не мисли на надворешната форма како збир од повеќе или помалку оправдани конвенции, туку на внатрешната форма на својот неприкосновен дух.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Мнозината конвенции се запоставени, па затоа луѓето поседуваат само фрагменти од вештините за произведување и толкување на голем број облици што можат да се користат за писмено јазично изразување - нешто за што тие стануваат свесни и што мораат да го „платат“ во моментот кога ќе се соочат со задача како што е правење на Маргина 36 185 плакат или некој друг визуелен материјал за општа употреба и кога ќе сфатат дека не се во состојба да го обезбедат ефектот што сакаат да го произведат.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Облици на нова музика во своите дела воведоа и другите уметници, но Кејџовото место меѓу нив е секако посебно: тој со своите радикални и неконвенционални музички мислења и постапки повеќе од било кој друг ги разниша застарените навики и конвенции на дотогашната европска музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Иако во графичкото изразување не постои ништо што навистина би ѝ одговарало на непрекинатата линеарност (размакот меѓу зборовите, крајот на редот и страницата се нормални графички конвенции што не можат да се занемарат) сепак ќе ви прикажеме пример за линеарно графичко изразување: слика десно Спиралата на карактерите од обете страни на дискот од Фестос го илустрира континуално линеарниот облик.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Романот започнува со конвенција, со сликата на писателската агонија пред празниот лист хартија, а замаец на новиот ракопис станува моментот кога селото останува без вода заради еден од типичните транзициски ликови, криминалец со политички врски.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Токму затоа суверената моќ е апсолутна на границата, а патниците поседуваат „само основни човекови права загарантирани со меѓународните конвенции и драматично ограничени национално изведени права“.29 29 Ibid., p. 38. 29 3.2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И не може насекаде, или било каде што ќе ти одредат случајните конвенции на историјата, да ја почувствуваш најголемата приврзаност за земјата, место во кое ќе ти се случи најбитното во животот, во согласие со вечниот ритам на природата, а не со наметнатите амблеми на еден друг живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Врховниот суд на РМ постапува по барањето кое ги исполнува критериумите во рок од шест месеца од неговото поднесување и одлучува дали по- нискиот суд го повредил правото за судење во разумен рок, притоа имајќи ги предвид правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи, а особено сложеноста на предметот, однесувањето на странките во постапката и однесувањето на судот кој постапувал.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Врховниот суд на РМ е надлежен: 1) да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 2) да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите судови; 3) да решава по вонредни правни лекови против правосилните одлуки 138 на судовите и одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон; 4) да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на различни апелациони судови, судир на надлежност меѓу апелациони судови, судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу Вишиот управен суд и друг суд и да решава за пренесување на месна надлежност кај овие судови; 5) да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите во РМ, во согласност со правилата и принципите утврдени со Европската конвенција за човекови права и тргнувајќи од судската пракса на ЕСЧП; и 6) да врши други работи определени со закон (чл. 35, ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За јавна почит е и тоа што судечкиот судија in concreto директно ги примени и следниве меѓународни правни извори: Европската социјална повелба (1961), Дополнителниот протокол (1998) и Конвенцијата бр. 897 за синдикалните слободи и заштита на синдикалните права.6 Незаконитите решенија и одлуки на органите на МЖ беа поништени, а претпријатието беше задолжено да го врати Ристески и неговите соработници на нивните дотогашни работни места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тој начин, ќе се предвиди обврската за потпишување на колективни договори согласно на европското право и пракса, односно согласно на европските конвенции и препораки кои ги регулираат трудовоправните односи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК