комфорен прид.

комфорен (прид.)

Ѕидовите повторно ќе ги бојадисуваме, (Шукри заминува, гледам во нозете што ги вртат педалите, колку пати ќе му е потребно до аголот?), а на местото на орманот, ќе ставиме софа или нешто слично за седење (само 17 или 18, мене ми се чинеше подалеку), нешто комфорно, елегантно, а практично.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Да, ова побелено, безабо, испиено старче беше Ѓорѓи Прчев, големиот актер на повоениот македонски театар, необјасливо исчезнат од својата комфорна куќа на Водно, сега пред смрт во скромна католичка болница за сиромашни во далечната Индија.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Додека не стигне до трисобниот комфорен стан на најгорниот кат, жена му има време уште еднаш стравствено да се прилепи до телото на младиот љубовник, да го турне во лифтот, да се врати во станот и да чека две минути, три.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во комфорниот трисобен кафез на шестиот кат, опколена со истоветни кафези во истоветни облакодери.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговиот профил, делумно засолнат од дланките, териер и млада жена со боси стапала: и ми се чини дека тој таму, врамен во сликата, е сосем, сосем задоволен. Како комфорен воајер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пред два месеца, Лила требаше да му се придружи тука и да му ја скрати многумесечната осаменост, но таа веќе по третпат му најавува дека сѐ уште не ги решила прашањата со одржувањето на нивниот комфорен апартман, па уште извесно време ќе остане во Софија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)