комунистички прид.

комунистички (прид.)

Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И покрај нашите постојани предупредувања да не им помагате на комунистичките бандити, да се откажете од секакви злосторства против нашата војска, да не ги криете оние што ни пакосат, да не бегате и да не им се придружувате на голтарите в шума - вие сето тоа дрско го отфрливте и го погазивте...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нашата војска е толку силна што постојано ги сотира тие комунистички банди, на кои им дојде веќе крајот ...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ме повикаа в полиција и ме обвинија дека сум се поврзал со комунистичката партија. Реков дека не е вистина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За оваа приказна, која ја оценија како пропаганда, комунистичка, полицајците три дена ги држеа затворени во амбарите Трпоски, а потоа ги однесоа во општинскиот затвор во Тополчани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Главно ја учиме историјата на сесојузната Комунистичка партија на Болшевиците СКП(б).
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А од 1 до 23 јуни, истата година, во Москва престојува званична делегација на Владата на ФНРЈ и е потпишана декларација за односите меѓу Сојузот на комунистите на Југославија и Комунистичката партија на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Целото Политбиро, вели Оливера Поточка, а имаше и претставници од сите комунистички партии.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш оној главурдест Никодим смекнал од голтка благословено вино и од некои свои сеќавања за секакви улави старци од селата под планинската црногорица и радосно рекол дека сепак започнува моторизирањето на неговата идна дивизија - мајор е, ќе стане полковник, ќе дотера и без да го читал Марксовиот Манифест до комунистички генерал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Козарите жално го гледаа, небаре само тој славниот и храбар козоводец кој ги донесе козите во градот и му се спротивстави на комунистичкиот режим, само тој, и никој друг можеше да ми излезе пред очите и да го спаси лудото храбро козиче од волкот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стратезите на комунистичкото општество имаа точни бројки за козарите, сега новопечени припадници на работничката класа, со кои требаше да се градат големите фабрики, патишта, мостови, брани, хидроцентрали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зар сталинизмот мораше толку многу да вежба со нашите души за да ги стори комунистички.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
-Дали мислите дека кичот е типичен производ на комунистичките системи? - ме запраша мојата американска студентка по предавањето за романот на Кундера, Неподносливата леснотија на постоењето.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Има ли живот пред смртта? Неодамна се сетив на оваа романска прашувалка од музејот на комунистичкиот црн хумор и за прв пат сериозно се замислив околу неа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Подеднакво ги мешаат и историските времиња: епските песни со фантомите на непризнаените кралеви, овие пак со црвените комунистички ѕвезди, гуслите со борбените труби, трубите со топовските цевки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако ваквиот политички ангажман го нарекувате левичарски, тогаш јас сум најекстремниот комунистички агитатор на планетава.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Долу со комунистичките гадови!“ - викаше тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Да му се понуди на еден идеолошки систем од комунистичка провиниенција кој за своја херојска историја го подразбира својот антифашистички ангажман - имиџ на симболот на “фашистичкото, то ест нацистичкото зло” завиткано во уметничка амбалажа беше суптилно испитување на можностите за слободно користење на извесни културни сегменти претходно цензурирани и забранувани, но и барометер кој покажа дека режимот за кој генерации и генерации југословени мислеа дека никогаш нема да замине од политичката сцена веќе беше на почетокот на својот крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јаничар од нов, комунистички ков, каков што беше губејќи ја своја­та мала татковина и грузискиот идентитет, жртвувајќи ги за големата идеолошка татковина на советскиот комунизам, Сталин сигурно ќе завршеше со изместена душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И еден ден кога сета душа ќе му биде обземена од слепата јаничарска моќ, ќе започне да ги разместува народите, да ги заменува верите со комунистичката идеологија, да ги укинува старите азбуки на народите, по цена на милионски жртви, постапки кои се ширеа заразно и долготрајно и на балканската духовна почва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе