комуна ж.
комунален прид.

комуна (ж.)

- Што ти рече? Париска комуна, револуција?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никој умен не можел да поверува дека во новиот век, посебно во епохата на сталинскиот комуни­зам, жртвувањето ќе воскресне во нови невидливи облици и размери, нескротливи во ниту еден мит и легенда како во минатите векови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, и тоа беше подобро од преголемата сензитивност, сентименталност и филантропија на Ворен кој го замислуваше светот како Woodstock, како еден голем, сеопфатен хипи концерт, како една глобална комуна.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)