комплементарен прид.

комплементарен (прид.)

Можеби оваа техника Хичкок најдобро ја искористи во „костимираниот” филм Во знакот на јарецот (1949), кој не беше вистински трилер, па поради тоа беше и отстапување од правилото, а кој комерцијално пропадна, веројатно заради тоа што никој не очекуваше ваков филм од Хичкок. (Од тогаш Хичкок тврди дека не сака „костимирани” филмови, бидејќи: „Не можам да замислам како во костимиран филм некој може да оди во бањата”) . •Како ќе го дефинирате чистиот филм? •Хичкок: „Чистиот филм е спојување на комплементарните делови на филмот во една целина, како што мелодијата е спојување на музичките ноти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тргнувам од сознанието дека ниедна од двете половинки на целото не е иста со другата. Тие меѓу себе се само - комплементарни. Како Адам и Ева; како идеално на две пресечено јаболко; како 1/2 + 1/2 = 1.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во тесна врска со религиозното чувство кое провејува низ книгата - кое не го загрозува, туку само го зголемува нејзиниот уметнички впечаток - е темата на „божјите луѓе“ како комплементарна со тоа чувство, теми која е централен лајтмотив на оваа книга.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тука е оној член кој предвидува полова еднаквост при објавувањето на слободните работни места, при што не смее да се сугерира на кој пол работодавачот дава предност (чл. 24, ЗРО/05); како и забраната работодавецот, при склучување на договорот, да бара податоци коишто не се во непосредна врска со работниот однос и, комплементарно на ова, правото на кандидатот, за време на интервјуата за работа, да не одговара на прашања кои не се во непосредна врска со работниот однос (чл. 25-26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Љубовта е комплементарна енергија и активен дијалог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но ако зороастеризмот му го спротивставиме на таоизмот, според којшто светот пулсира ритмички во постојани преобразби, при што доаѓа до алтернирање на две комплементарни, значи се соочуваме со неспротивставени енергии Yin и Yang.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)