комита м.
комитаџилак м.

комита (м.)

И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Ќе ти скроиме нови бечви, пинци, пушка, вишеци, ќе те дотераме салам комита.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Па добро, кад ти хоќеш шуму онда буди шумар у твојој шуми, — му одговори началникот и му стави во задача сега пак тој да ги брка комитите во таа иста шума, во која него толку години го бркаа мулазимот, Рашид чауш и Шарен Мустафа, а во последно време братучед му Бино.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
„Мал су за комита, а не сум мал за венчање!“ — со лутина си мислеше кога си тргна од кај вујка си Ѓура.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Штом останаа сами, дедо Ангеле се приближи кон комитите: - Абер ви носам, - рече.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега, кога имал со себе само двајца комити, Јонета и Гелета, кавалот му било уште попотребен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Наседнаа меѓу комитите, и Пеце рече: - Дојдовме да те прашаме нешто, дедо Геро!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Низ отворените прозорци долетуваа зборовите од востаничката песна: „Ај, излези, Ѓурѓо, на сретсело, да ги видиш, Ѓурѓо, мори, комитите!...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
МЛАДИЧОТ: Од оној ден кога ме симнаа комитите од дрво во чии гранки ме скри мајка ми за да ме спаси од колењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ќе те испратам да станеш комита. И запамети: отсега имаш само еден родител: организацијата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тогаш во дворот влезе човек со голема, веќе подбелена брада, опашан со колани и почна да им дава наредби на комитите на наш јазик.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Другиот Турчин со мене беше комита - мој другар.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Целата турска војска и полиција беше во приправна состојба, откако по македонските гори излегоа да крстосуваат комити.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И тука слушам дека имало комити.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кој сѐ не поминал низ оваа планина, и Турци, и ајдуци, и комити, и партизани, а којзнае што сè било порано од времето кога Селиште било град!? Сѐ поминува...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо, комита, знаеш. Скитал, бегал, тепал, ама и комитата најпосле ќе се фати в мрежа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Камо комитите, бре ќерата! — го запраша јузбашијата Милана, а Милан се прави недоветен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Каде се комитите, бре пезевенк! Кажувај оти сега ќе одерам жив! — почна да го тевтиши сега бимбашијата Милана, кога јузбашијата го извести за фатениот селанец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама оттогаш комитите- комити ли беа, арамии ли беа - очиве не ми ги видоа. Како да потонаа, да ги лапна земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК