командува св. и несв.

командува (св. и несв.)

Кадијата лично командува да се фатат децата да се одделат од старците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Бргу, бргу! Во потсвеста некој командува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште повеќе ги мачи што им командува жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едни држеа говори, други командуваа, а некои само ќе се занишаат и ќе паднат ко клада.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поради мене командуваше да не трчаме: да не би раната да ме заболи.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
До каде допира неговото властодржие, знаат само тој и водите на кои им командува.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој командуваше со една огромна сенишна армија, една подземна мрежа од конспиратори посветени на соборување на Државата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Политичкиот комесар на Втората бригада истакнува дека ЕЛАС прави грешка поставувајќи грчки офицери да ги командуваат словенско-грчките единици што го прави неизвесен словенско-грчкиот отпор.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На тој ден претседателите на месните заедници, стануваа провинциски наполеони и можеа да командуваат со ограничен број на човечки ресурси.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Постоеше објективниот страв да не се биде достоен на мисијата, особено во деликатните зони, па по првите гафови да се излезе од дипломатската орбита, која беше вешто командувана од Централата, самото Министерство за надворешни работи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Командуваше и маршираа: архитектот Божинов на чело на колоната а нејзиниот Томислав по него, последен во јуначкиот строј.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш кога командуваа со нас, да ми велеше некој дека тие се многу расипани луѓе, ќе им пукав меѓу очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- В ред, станувам! Сабота и недела ти командуваш во куќата. Станувам!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа, токму затоа, сметам дека таквите укажувања што ми се упатуваат крајно се несериозни, а одлуката на Главниот штаб јас да не командувам со текот на операцијата, туку прв да го напуштам Грамос и да заминам за Вичо, во најмала рака, другари, е навредлива и потценувачка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Честитам. Сега тој командува со вод.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК