колорит м.
колоритен прид.

колорит (м.)

Не само таму што се силни, туку и одовде кога ќе јурнат сите интелигентни луѓе, каков колорит ќе ѝ дадат на земјата?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нема други цртани со таков колорит и такво движење и воопшто со таков визуелен имиџ. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Освен тоа, усните сведоштва ги обојуваат работите, им даваат колорит и тон и душа на настаните.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Запознај ја вистинската природа божја Обој ја срцевината на твојата рожба Во колорит што ќе ти донесе спокој Во зрак светлина за вечен покој 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Вчера нацртав една многу голема, доста ретка ноќна пеперутка што ја викаат мртовечка глава, со колорит со зачудувачка префинетост, црна, сива, нијансирана бела и со кармински одблесоци, или сето тоа магливо се врти околу маслинозелената боја; многу е голема.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Слатката Беатриз Енрикуез Втората искрена љубов Во колоритот на моето перо, И мојот ментален раскош...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)