количина ж.

количина (ж.)

„Пред науката за времето е откриен патот кон изучувањето на количинските закони на новооткриениот свет...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Па, што не одиме во Германија, или Америка, за да ги имаме во големи количини? - се зачудив јас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Камењата туженото лице ги вади со експлозивот; видот на експлозивот, количината и начинот на употребата не ми се познати; не можам да се произнесам дали пукнатините на куќата што се предмет на оваа расправа, се произлезени од потресите на експлозиите на мините при вадењето на каменот или се од нешто друго зашто тоа не спаѓа во доменот на мојата струка”.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зборовите се извадени заби. Кога некој ќе ги соопшти некоја целина, всушност тој ти дава одредена количина заби што си ги извадил од сопствените жлебини.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Киберпанкот живее единствено како информациона густина во времето кога комплексноста стана критична: штотуку почна презаситувањето на планетата со системи способни за манипулации, испраќања и примања на сѐ поголеми количини на информации.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Така урината на оние кои беа под влијание на печурката е многу барана и се пие со уживање, бидејќи содржи доволна количина дрога за да предизвика исто дејство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Токму поради дегутантните количини на романтизам кои никако да покажат подруг квалитет освен оној кој овде слободно би го нарекле -трагикомичност, и повторно ослободени од целокупниот лажен морал на современиот хуманизам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас бев сосема обичен човек со просечна количина на мозок.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, да се разбереме, мора при тоа да се размислува за две работи: потрошената вода за новите патеки да не ја намали количината на водата во хидроцентралите, за да не чини производството на струја поскапо, отколку трошоците.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Полицијата, правејќи во овој реон претрес, ненадејно влезе во неговата соба, го уапси и најде извесна количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Велиме господари, зашто за сето време додека работеле во визбата тие при себе веќе имале определена количина динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првата количина динамит во Солун пристигнала преку Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јана ја прави посебна една друга карактеристика што може секого да го зашемети - и повторно Зрновски се подаде преку масата - тоа се количините љубов со кои располага!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборови, зборови… а не е за на отпад и она упатство или шега дека зрелоста се мери само според количините наивности во нашите размислувања!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Утакмиците изобилуваат со чудни правила, пцуење (најчесто сам себе), кошкање, папсаност и огромна количина на убави чувства.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Можете да располагате со неограничени количини од неа, како што располагате и со количините воздух во вашиот свет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мислат дека ако ги полеат со големи количини студена вода, ако ги претепаат, ако им се заканат на оние кои викаат дека ќе им го исечат јазикот, мислат дека тоа ќе им го врати умот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Авторот не наведува колкава количина железо и олово во исто време и на истиот простор чија површина изнесува 5 километри во должина и 2 километри во ширина ( 5х2= 10 квадратни километри) фрлија минофрлачите, тенковите, артилеријата и пешадијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таквите ограничувања на количините воздух какви сѐ последици ќе создадеа и каков колапс ќе се случеше?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК