клун м.
клунест прид.

клун (м.)

Стоејќи еднаш на куќа, ја видел жената му кај ги молзе кравите и од милост на убавите телиња слегол во двор и отишол до телињата да ги помилува ѓоа; арно ама кај го знаеше син му Велко оти штркот Силјан е татко му; Велко си имал едно стапче в раце, и видело оти телињата ги милувал Силјан со клунот, та и свикало на мајка си: „Мајко мори, види го штркот ќе ги јаде со клунот телињата!“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Препарираниот орел ме нишанеше со остриот клун а стаклените очи ме гледаа како да сум најситно врапче на светов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Врз темниот оревов долап, над секакви дебели книги, препариран орел ширеше силни крилја; со отворениот клун ми го нишанеше срцето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Темниот удар на крилото темно ја сече модрината. Блеснува на студенилото рибата в клунот раскината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И го клукаат со долгите клунови додека има живот во него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И како ќе може да ја поднесе крвта на полжавчето и како ќе ги остави очињата негови на мртва, премрзната трева, достоинствениот црн гавран да го огледува едновековниот клун во двете стаклени зеници?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто во твојот вид е забуцан гаврански клун, одговори празнината.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Осамен жерав, изгубен ков клун не може да изрази огорченост.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Клунот е одбрана или напад во нагонот за самоодржување. Острина, не и нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
В клун вода птицана ќе му носи на дабон Ќе го пои и ќе расне тој Да го надживее своето небидие!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Високо, над срамежливоста на хоризонтот, пливаше во ретка разблажена крв, непознато, тромаво јато со неми клунови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие првпат го видоа својот клун во огледалото на едно око. Тоа ги острви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе сврти - жаба! Ќе сврти пак - штрк! Ќе сврти уште еднаш - штркот ја држи жабата во долгиот црвен клун!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кормилару, со клунот напред, рицари, со песна на атак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На неговата глава стоеше непозната птица со голем клун.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Таму орел напаѓа - волк под клун се распаѓа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Под кацига некој рицар се бори со клун на птица. На гитара свири жица.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И тогаш од клунот на уморното, измрзнато и од болка натажено славејче, потече таква тажна песна, каква никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе