клопотарец м.

клопотарец (м.)

Единствена утеха му беше самиот Сокол и шумата, и во повеќе моменти се чувствуваше како да е со своите овци и кози, па дури и кавал купи и по цели дни ги свиреше оние исти песни што ги извиваше со звуците на ѕвонците и клопотарците.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го сонуваше Змејко многу често својот бел коњ, својот Чилко, знаеше тој по цели зими да го сонува само него, а оваа ноќ во сонот тој беше јавнат на својот јадар коњ и одеше низ некаква сенчеста шума, додека клопотарчето на вратот од Чилко приспивно трангараше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ете го клопотарецот на шарениот угич што го води стадото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Доаѓал во бела мантија и во чорапи од козја кожа. На вратот му виселе недоза’рѓани клопотарци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)