клевети несв.
клевета ж.

клевети (несв.)

За таа причина некои од политичките партии ја клеветеа Русија како непријателка на Бугарија и на сѐ бугарско, најмногу за поддршката на српската пропаганда од страна на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хр.Шалдев, кој заради бугарската стипендија се откажа од ова членство и стана верен агент на бугарскиот егзарх, а истовремено упорно и смислено го клеветеше Мисиркова, дури и пред ЦК на ТМОРО во Солун – поради неговиот критички однос спрема изведбата на тие акции.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така секој со секого се клеветевме и се виде дека од човекот немало поголем нечовек...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хаџи Ташку не моли само кај властите за да го заштитат од смрт од нас, тој и нѐ клевети и потплаќа злоден против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зар дека многу наблиску е злото и секој со секого се клевети, само напорки се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А душата моја се тресеше од страв, оти се сетив дека сум прочитал некаде: оној кој клевети и озборува и оној кој го слуша, и двајцата имаат крај себе по еден ѓавол: првиот на јазикот, а вториот во увото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Боро од Неготино ни беше референт по оружје, знаев дека честопати им ги земаше пушките на партизаните што се на стража па потоа ги клеветеше кај командантот на дивизијата, и нормално, тој ги викаше потоа на рапорт.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ако ушите добри му се, тогаш јазикот согрешил; ако јазикот согрешил, согрешила и душата негова кога ме клеветел.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И во тие книги заемно се плукаат, се валкаат, се клеветат, тврдејќи дека сите се криви освен нив и дека ако другите би правеле така, како што тој мисли сега, победата ќе била наша.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку озборувања, клеветења, па кодошења доживеа додека беше жив?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тоа време беше време на лаги, на понижувања, блатење, предавства, време на подлости и кодошења, време на клеветење и губење и изопачување на сопственото лице, време на уништување на сѐ што значеше живот, беше нечовечко и погано време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На Бог му пркосат, клеветат и мамат горделиви среброљупци со суети полни грабаат плодови и шејтанот го слават болни од алчност, подмолни и злобни Вавилонци бдеат над мрачното небо морално да нѐ осакатат и збришат но пирејот нема намера да згасне Господ го создал да живее вечно
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И се лутеше, пцуеше, жолчно се расправаше со другарите кога слушаше дека таму „горе“ како што се велеше - големците се караа меѓу себе, се обвинуваа и се клеветеа, се распоредуваа на оваа или онаа страна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)