кладе св.
кладенец м.

кладе (св.)

А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Врз глава таа му кладе крпа, копринена, бела.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Рацете таа ги кладе врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека како младоженец в зора девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат весели, свадбени ора.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Вистина, татко, и вие браќа селани, им рекол Силјан, ама за приказна е мојава работа што бев дури во долна земја или штркова земја кај што човек досега не пошол и не ќе појде, и да ми верувате оти не е чаре да ве лажам јас, чунки не ќе ви земам нешто да си кладам в ќесе, за да не поверувате за здраво.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кладоа тие неколку владици и отворија неколку трговски агентства, го поддржаа со пари востанието во Македонија и прехранија во Бугарија мнозина, обездомени Македонци избегани во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа отвори училишта, кладе конзулства, го ракоположи Фирмилијана и со сето тоа му даде нов правец на нашето прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
60. Вистина, со националното прашање ние ќе се занимаваме 20-30 години, но кривината за тоа лежи во нашите претходници што не ја сознаа сета негова важност и не го кладоа да зрее.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ФРОСА: И мене ми пишуваше мојон, во првото писмо кога си отиде, оти како некој од другарите вратиле, ама кој му кладе волкот зошто и за како.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Да ти клајме јарем!“ А женењето навистина е јарем!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Еве Митрејца кладе костење да се варат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ја зеде крошната од нејзините деца, иако Илко беше спрамил нова, тури слама и го кладе покрај оган крај мајка му.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете, Нешка веќе порасна и ќе прооди, а ти, откако кладе име, не се врати да а видиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И од тој момент Доста си го кладе тоа на ум.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Решија и отидоа, но кадијата не сакаше ни да чуе за некакви привилегии, а поднесените фермани си ги кладе во џебот со една иронична насмевка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа тој ги кладе рацете одзади и ја исправи главата да им ја покаже слободата и во неговото одење и стоење.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А меѓутоа треба да се каже и вистината - два дена не клал ништо в уста и поради тоа звучно му се преметкуваат цревата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Јас одамна сум ја клал главата в торба, сум ја набил на кол.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А во дрвените склопци кладе ли малку солца? - Не... - А зошто?
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе