киселкав прид.

киселкав (прид.)

Од шпоретот зад пултот се креваше пареа од манџа со киселкаст метален мирис кој сепак не ги поништуваше сосем испарувањата од џинот „ Победа“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Просторија со низок плафон, преполна со луѓе, со ѕидови потемнети од допирот со безбројни тела; исчукани метални маси и столови, поставени блиску еден до друг, така што луѓето се допираа со лактовите; искривени лажици, накршени подавалници, груби бели чанчиња; сите површини измастени, нечистотија во секоја пукнатина; и еден киселкав, измешан мирис на лош џин, на манџа со метален вкус и на нечисти алишта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)