киниса св.

киниса (св.)

Приближало времето пак за кај нас да идат штрковите и тогај веќе Силјан беше се сторил мукает, та беше нашол едно малечко црпче и си го наполнил со од човечката вода и го врзал на гуша кога дошол денот за да кинисаат за кај нас да идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
СПИРО: Не е најлошото, за среќа, го сретнав брат Арсо баш кога киниса на лозје.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Е, така. На Арсен кажи му дека сум азар и сега кинисувам.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Не можам, сум кинисал по работа. (Се стресува.) Уф! Ме покваси!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Анѓеле кинисувај, срце, прв ти и кошни ја стомнава со ногата.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ПАНДЕ: (се појавува на вратата). Кинисувајте бре, луѓе што сакате да го остави дружината!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Кинисувај, само со десната нога!... (Анѓеле кинисува, а Мара му фрла пченица преку главата и така излегуваат; при преминувањето преку прагот Анѓеле ја турнува стомната со вода, која се истурува, а која од порано е наместена.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во тоа време се сретнува со една жена која ја праша: „На каде вака си кинисала, Саветке?“. Рече: „До каде брата ми“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: Никако не кинисуваше... Но после, како што ти кажав, дојде еден човек и кажа, дека, Селман-ага имал собрано дома си Арнаути да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
САВЕТКА: (кинисува и подзастанува). Како врева на улица не ти се слуша ли?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Им се придружив и сите, заедно, кинисавме кон камениот мост.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еднаш го зел магарето и кинисал во планина.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дедот Петко, пак, откако се наруча кај Илка и се напи некои и друго винце, си ја зеде ластегарката и торбичката и стана, си киниса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Појде попот, го заведе по него, си киниса попот, го зе и него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Шо ќе вида, шо ќе чуа па ти! Си залеа вода, и си киниса ваки со Јова и Бојана, — одговори Нешка и си забуцка да бара нешто во камарата над огнот каде што си ги оставаше своите работи: кончарката, иглите, калец или чорап што плетеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Во селото рекоа дека ќе ве најдам, та кинисав низ планините.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во старо време, можеби дури и пред сто години, ако не и повеќе, кинисале двајца бегови, ќе ја качуваат планинава, арач ќе собираат од рајата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гоце киниса... Од двете страни го испраќаа сестричките, а назад по него одеа мајка му и татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Си ги претури во торбата што ја понесе да ја наполни сливи за да ги залаже децата и сакаше да си киниса, да ги суредува парите дома, но се сети дека може да предизвика сомнение што се враќа рано и празен, та дури можеше некој и да му буричне во торбата и да ја открие работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
9. КИНИСАЛО МОРЕТО В РЕКА ДА СЕ ДАВИ - така е штом светот вртоглавица го фати, изместени вредностите и смешни ги прави и на жалните комендии им отвора врати...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Повеќе