кивне св.

кивне (св.)

Идеше киселикава миризба на сурова буковина и суво штипкање на пилотини во носалките, од тоа кивна, загазувајќи до глежневите во белиот слој пилотини, по кои чекорот му беше мек, помек дури и од снегот, а ги чуваа тука за да држат топло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Видел некоја, кивнал и го исчашил 'рбетот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не си можел ни да кивнеш, што се вели, а камо ли друго.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и кога ќе кивне, кога ќе се накашла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор ќе пропрска роса на стаклото, како да кивнал некој од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прекрасните свилести крилја на Вујко Ејнар висеа зад него како зелени едра и шушкаа и шепотеа од неговите рамења, секогаш кога ќе кивнеше или кога ненадејно се свртуваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Петлето со мамузи и со трето крило кивна.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тивок ноќен ветар заниша лист. Листот ми го скокотна врвот на носот. Кивнав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Единствено што можете е одненадеж да слушнете, на ист начин како кога имате кивавица, тогаш можете само ненадејно да кивнете.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Марин Крусиќ пак се исекна. Се исмеа, кивна и гледаше во Сандри помалку победнички отколку да го кажеше сето тоа кога не ќе беше солзлив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Громогласно кивнав, некаде околу 110 децибела.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Не стигнал позорникарот, откако со прст ја притиснал својата десна ноздра, со левата да го повлече половината грстче, кога мртовецот кивнал толку силно, што наполно им ги испрскал очите на сите тројца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На ова Гоше кивна, нешто му се измеша во желудникот, се наведна, се фати за устата со левата рака и, држејќи се со десната рака за газот, блед и разбушавен се стрча кон спачекот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)