кибрит (м.)

Еден по еден ги запали со кибрит, па со се’ сила ги зафрли на разни страни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега таму се чуваат кибритот и борината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Да ја запалиме печката со ќибрит, - предлага Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој го зема ќибритот од полицата а Сашо реди дрва во печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Констатира дека нема повеќе кибрит.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Долгиот запре, чкрапна кибрит и тенко жолто пламенче затрепери плашливо на врвот од дебелата лоена свеќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трајче слезе од коњчето, ги зеде парите за кибрит и се врати в село.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На поличката над огништето секогаш имаше кибрит, крај огништето секогаш можеа да се најдат суви дрвца за потпалување и борина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најдо го зеде кибритот од Андона и ги одведе до гумното од Белоперевци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа му го фрлаше тенџерето и бараше кибрит да ја запали куќата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Доксим продаваше: сол, шеќер, газија, свеќи, ќибрити, а и виткани цигари продаваше. 93
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Огнот е секогаш свртен кон небото, вели и го одврзува конецот од урката. Зема кибрит да го пали. 148
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За секоја цигара - чкрап со кибритот. Да пукнеш од мака. А мојот со нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми ставаа и запален кибрит под мишки или жешки јајца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Џуџето-џин го фрла како празна кутија кибрит и тој, со врисок на кастриран петел, паѓа во вителот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми подаваат едно книже и чкрапаат со кибритот да ми светнат. „Имај доверба во луѓево“. Потпис: трилисна детелина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога имаме цигари, немаме кибрит, велат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе