кече ср.

кече (ср.)

Дури и белото кече му летна нагоре ко глуварче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се тркалаат на една страна отсечени глави и на друга шајкачи, кечиња, калпаци, шубари, пискули, фесови, чалми, козирки. Сини, бели, сиви, црни, црвени, бели...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Додека Едо беше на стражарското место на кое имаше скратено време од еден час, милиционерите уште еднаш излегоа и изведоа уште еден човек, сега некој средовечен маж со кече на главата и го однесоа, исто така во училиштето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму застанаа некаде, меѓу некои обраснати ѕидишта, офицерите се сретнаа со други офицери после што војниците направија обрач околу зелената ограда на некоја неголемка ливада сред која беа наседнати и некако забиени еден во друг цела толпа од околу сто и педесет мажи од најмали до најстари, немоќни старци со кечиња, забрадени или небричени, со испиени лица како да гладуваат, со пропаднати очи и со веднати глави и замислени лица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што се однесува до аутфитот, тоа се разни суштества со мали, средни и големи турбани, фесови у сите бои, ретко со некои кечиња, безбол капчиња, понекоја шајкача, наци баретки, хеклани капи Боб Марли, каубојски шешири, мексички капи големи ко сунцобрани, дамски шешири со воќна салата од страна...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Хатиџе стана танчарка добра во Мала Речица се витка ко кобра во бар ја здогледа лик ко Мик Џегер со кече на глава и откачен трегер Хатиџе стројна трбушен вртеше задница в танга редовно тртеше од Шара до Ниџе, од Плетвар до Стража млатеше пари од еротска масажа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)