квас (м.)

- Од еден квас сме заквасени. Се мислиме за инакви, а не сме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Место тоа државата отпушта многу пари, ја помогнува нашата Задруга, од сето тоа можеше да се направат многу убави работи, само да имаше малку поинаков квас во себе, она кучкино копиле, или да беше некој друг на негово место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Не ми се погоди квасот, вели, ама обиди го!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утре ќе отидеш со својата арамиска дружина и ќе ме оставиш да раснам од твојот квас. - Чекај, каков квас?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека сите други молкум стоеле, Онисифор Мечкојад, следејќи го другиот Онисифор, и самиот се подал малку напред, мислиш ја имал вилата во свои раце или, најпосле, мислиш го поттикнувал својот роднина да издржи до крај и пак утре да фрла семе за нови и идни преданија што ќе се шират и ќе бабрат од квасот на стравот, тоа глекаво и лепливо тесто да ја покрие срамната прикаска за неговиот дедо или за дедото на некој негов дедо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)