кајак м.

кајак (м.)

- Ќе стигне ли? - се прашуваа сите, очекувајќи да се појави од негде некој моторен кајак.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Неуморните рибари во нив, со најобични јадици, секој момент од морските води вадат риба, ги полнат кајаците...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Езерската шир изгледа уште покристална, додека ја сечат клуновите на кајаците едноседи, двоседи и четвороседи. Како да се наоѓаме на некој полинезиски остров.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас бранови за див кајак ќе ткаам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)