кашлица ж.

кашлица (ж.)

Не го гледам но добро го знам Тоа испотено чело на копнежот: едноличен регистар од сувата кашлица на чекањето со две ладни ѕвезди во очите.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тој ги пиеше со жедта на своите очи оскудните зраци и секој шум што доаѓаше однадвор го притегнуваше кон прозорецот, иако знаеше дека ќе ја сети пак само ладнината на железото врз челото и сувоста на правта, налепена по сивкавите лушпи на ова одвратно дрво, ќе го заскокотка грлото и сипкава кашлица ќе го наполни телото со морници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Нели луѓето често боледуваат од разни болести: те глава, те стомак, срце, кашлица, нап-надвор и друго.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога малку ја стиша кашлицата, успеа да праша: - Кој е?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прво слушна силно, непрекинливо кашлање, потоа го виде дедо Иван како седи крај распламтеното огниште и се труди да ја смири кашлицата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
14. КОЈ ПЕЕ НЕ МИСЛИ ЛОШО - и кој пие зло не мисли, но арно не прави, па затоа грлест со својот глас пошол во таквото отсуство на мисли да се дави... љубовта е како кашлица - од луѓето не се покрива!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. Му се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со нив ги лечеше сите болести; ги употребуваше за стомак, за срце, за глава, за жолтица, за кашлица, за задув, за несвестица, за прочистување, за жолчка, за глисти, за треска, за смирување, за мајасул, за приштови и други несреќи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само за градите му се залепи тешка воздишка и никако не може да ја откине. Како сува кашлица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Луѓето ги зафати кашлица: кашлаа сите, кашлаа кој од кој полошо: ”утур-бутур”! си викаа еден на друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Нема срам на жалост, велам, може да е болно од заушки, од големи сипаници, од црна кашлица...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кашламе, првкаме, заоѓаме, не можеме да ја смириме кашлицата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Андон, ќе ја земеше ќерка му за снаа, но тогаш тој ќе си го дадеше и коњот и ќе останеше сам со сонливото куче што ноќе се дави во кашлица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше една Кира, што ја прекарувавме ,Сталинова кашлица", ќе ме изеде сосе алишта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во кркорењето се засркнал со кучешка кашлица и станал беспомошно загледан во трепетливото небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ах, не! Не, не, тоа никако! Јас кај Шулц; кај мене, знаете, компликации се појавија, прво градите ми ги зафати и кашлица, потоа настинав: градите и грип... и ете, сосем неочекувано... сосем, сосем неочекувано“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се беше пополнил во телото, воспалените вени се беа повлекле, оставајќи само едно кафеаво петно на кожата над глуждот, нападите на кашлица рано изутрина беа престанале.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон ја мразеше оваа вежба од која добиваше остри болки од петиците до бутините и која често завршуваше предизвикувајќи му нов напад на кашлица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Болката од нападот на кашлицата не го избриша сосем од умот на Винстон впечатокот што му го остави сонот, а ритмичките движења од вежбањето донекаде и го обновија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе