кашла ж.
кашла несв.

кашла (несв.)

Знае дека сум болен... Нема душа... (Кашла). Викни му, Зафире, покроце нека чука.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кашлаше чудно, суво и тивко, божем му се потсмева на некој старец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лимарот збунето кашлаше и го бришеше со два прста танкиот нос - се плашеше да не го откорне од лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На нејзино викање, почна да се кашла некој и да ја кара кучката која, како верен стражар, навистина осети оти некој тропа и стои на малата врата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само кашлањето му стануваше рапаво и раскршено. Го слушаше тоа кашлање и мислеше на белите, топли пазуви на својата учителка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко, прашуваше после. Зошто тој кашла како овен?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оркестарот пак свири и Данче пак пее. Само трубачот не ја крева трубата. Се дави во кашлањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му кркори во градите. Не може да го запре кашлањето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Кха, кха, - кашла Зоки зад нејзиниот грб, преправајќи го гласот, и вели: - Слушаш ли, Мечето кашла! Настинато е!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Прво слушна силно, непрекинливо кашлање, потоа го виде дедо Иван како седи крај распламтеното огниште и се труди да ја смири кашлицата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Поминаа покрај колибата од каде се слушаше кашлањето на дедо Димо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На секој нов затвореник Толе му гледаше в очи кога кашлаше, но никој не му одговараше со ништо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Соседот исто почна да кашла и да шепоти за да се приближи во левиот ќош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ели кашлаше загушена во прашината од малтерот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сите се вртиме, го бараме човекот што кашла. И го здогледуваме Дончета Спикоски. Се ниша човекот, се држи за градите и се ниша.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш се чу едно засркнато кашлање: кав, кав, ќув, кив, уф, црквата се одѕива, се тресе. Се затресе и народот. Се залелеа небаре закланцана вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега е добар. В црква не оди. Седи дома, пцуе, се држи за градите и многу кашла.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се превиткуваше Илко но не се даваше: наутро кога ќе станеше, тропаше, кашлаше, да видат дека е жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Повеќе