кафеџија м.

кафеџија (м.)

Кафеџијата, кој за целото време - стоеше крај шанкот и виде сè што се случи - нервозно ги засука мустаќите и така го изгледа дајреџијата, кога овој ги извади парите, како да сакаше да го стопи со погледот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дајреџијата не го ни чу, ни виде упрекот на кафеџијата. Предаден на своите преживувања, целиот пливаше во некакво неискажливо блаженство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Море, што повеќе нека има...” дофрлуваше кафеџијата Јандро не можејќи да престаса со пијалокот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таа инсистирала да дојде и сестра ѝ; дошла и таа, но од врската со момчето не станало ништо, оти тоа момче не било кафеанџија, како што се претставило ноќта кога се запознале, туку – сопственик на тајна јавна куќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седна и тој на соседната маса, порача кафе, заинтересирано ги посматраше тројцата кафеџии на соседната маса, но во нив ве виде ни интересни лликови а камо ли можни соговорници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Чаршискиот кафеџија, со бела но не премногу чиста престилка, со фес на глава, на послужавник со висока рачка донесе кафиња за некои Турци, изнервирани од сложноста на каурите, кои веднаш се повлекоа зад некој џамлак.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе одеше во вторниците во градот, Сандри како по навик, меѓу многуте скопски касапници, ќе ја одбереше касапницата на Илми за да намине кај него, а тој ќе се растрчаше да му даде триножник, нарачувајќи му на чиракот да донесе од чаршискиот кафеџија две густи, засладени кафиња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)