кауч (м.)

Откако се беа доселиле во новиот стан, мајка ѝ на Зорица ги стави тие пердиња за да ги сочува новите тенки завеси од Сонцето, како и каучите и ќилимот. Сонцето да не ги обели.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Седни ваму малку, - зборуваше и ме повлече на каучот до себе.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Баба ѝ не беше тука, и ми рече додека се врати баба ѝ за да ручаме заедно, можам да се раскомотам, да се избањам во бањата, да се отпуштам на каучот. Се избањав, се испружив на каучот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ме легна на еден кожен кауч.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја бакнувам по врвот на носот: - Не се сите фатаморгани. - Да! Да! – се отрга и скока врз каучот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Додека над градот се затегнуваа невидливите јамки, јас лежев склопчена на каучот, совладувајќи ја индијската мимика, учејќи го регистарот на индиските чувства како по некој учебник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Лежам така на каучот, календарот вели дека е крај на февруари.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го исклучував тонот и склопчена на каучот ги гледав Индијките како ги отвораат устите во облик на буквата О, ги збрчкуваат веѓите во облик на буквата V, се подигруваат со своите црни плетенки, ги камшикуваат Индијците со своите страсни погледи, забрзано дишејќи и гледајќи накосо, како зајаци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Големиот црвен кауч, оној кој ќе биде толку многу пати фотографиран следните години - оној црвениот, кој го искористивме во толку многу филмови - Били го најде токму пред “Y”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа е важно да разбереме, да се отарасиме од удобните каучи и да станеме активна публика, во однос на технологијата која доаѓа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите беа воодушевени од нејзината сцена во која седи, многу женствено, на каучот и заедно со Џеки на глас го чита филмскиот часопис, додека Гери му го пуши на Џое.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Иако „собата за проекции“ беше преполна со каучи и стереа и телевизори, сите чувствуваа дека внатре се случува нешто што има врска со бизнисот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој стоеше крај дното на каучот, со карирано памучно ќебе префрлено преку неговите рамиња како шал.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Желбата да се стане “каучки компир” (Couch potato) можеби се базира на фактот што просторот е доволно голем да се смести кауч со голем ТВ сет и секако модерен телефон, комбиниран со автоматска секретарка, интерком, компјутерски принтер, факс машина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таа вечер семејството вечераше во дневната соба - Дејв јадеше на каучот, Сузан на послужавник во нишалката од трска, а Ренди на подот пред телевизорот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По вечерата тој заспа на каучот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш кога, додека Летка лежеше на каучот, со грбот свртена кон телевизорот во кој од спротивната страна зееше Едо, побара од него да се расоблече за да го гледала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа се направи луто навредена. Скокна од каучот вртејќи му грб, но ништо не рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сето поголемо, преостанато семејство беше околу каучот на кој лежеше Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе