католицизам м.

католицизам (м.)

43. Мисирков не им се спротивставува на католицизмот и протестантизмот и од чисто практични причини: овие гранки на христијанството не беа државна религија на ниедна од претендентките за Македонија, па следствено и не беа во директна услуга на завојувачките планови на соседите, додека тој сакаше да ги гледа во Европска Турција и интересите на големите католички и протестантски држави за да не се остане само на едностранчиво влијание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој ќе има право да исповедува и муслиманство и христијанство во трите главни форми: православјето, католиштвото и протестанството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Протестантството и католиштвото во Македонија имаат само религиозни цели, оти претставниците на овие пропаганди со уважение се однесуваат спрема сите и најдробни национални особини на сите македонски националности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Католицизмот, првата и најстара вера на Албанците, ќе ги доживее најсилните удари на албанскиот сталинизам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Познато е од историјата дека со секоја победа на Отоманците се зголемувал бројот на преобратените албански рисјани во муслимани, но и враќање во католицизам или во православје, штом на бојното поле христијанските војски означувале победа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Католицизмот ќе пушти најдлабоки корени во Скадар и ќе биде прва вера на Албанците, првиот мост кон европската култура и цивилизација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Трагиката на родната земја, под сталинизмот и вна­трешниот ѕид од седумстотини илјади бункери, ја видов и ја пренесов низ глобалната метафора на Атеистичкиот музеј (во книгата со истоимениот наслов) во Скадар, изграден со цел во првата и последна атеистичка држава во светот, идеологијата да го преземе местото на трите религии (исламот и христијанството, со православјето и католицизмот).
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Книгата е напишана на извонреден начин, во која авторот се обидува на своите собеседници да им даде на знаење дека ги замениле трите религии, својствени на албанскиот народ (исламот, православието и католицизмот), кои биле добро поставени и толерантни една кон друга, со комунистичкиот сталинизам, кој ќе завладее како еден вид нова религија која сакала да го заземе местото на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)