кастрација ж.

кастрација (ж.)

Со менталната кастрација на сексуалната функција на телото отворен е простор за нови естетски функции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Свештеничкото жртвување на косата исто така е и симбол на кастрација“, наведува Ерих Нојман.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мислењето е форма на кастрација.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Како што е добро познато од историјата на психоанализата, човечкото суштество во процесот на станување говорен субјект минува низ симболичка кастрација која воведува пречка, недостаток од нешто, поради што субјектот засекогаш ќе биде лишен од целовитоста која животните сѐ уште ја имаат.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Фрустрации Кастрации Но од каде постои толкава мотивација За една ваква здодевна нарација И потреба за патронизација На тема што бара будна опсервација Човештвото подлежи на вечна деградација Есхатологија - неминовна девијација Ќе речете - тоа е - модернизација Чекорење во простор без гравитација Кај владеат закони за левитација Без можност за поинаква визуелизација Без концепт за креација И само манипулација...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)