кариес м.

кариес (м.)

Градот, тројно здебелен, со кариес од чадот на големите фабрики и чир на дванаесетпалачното црево од сообраќајната бркотница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во овој момент кога луѓето гинат за татковината, вие мирно ги поправате своите кариеси и изјавувате дека крв не ве интересира?!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
КАРИЕС И кажав виц Почна да се смее на глас И видов кариес на шеска
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)