капсула ж.

капсула (ж.)

- Ана, Ана, Капсулите и бартолетовата сол извади ги од под креветот. Прво, прво тоа! Да ги сместиме во куферот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само уште неколку минути и јазичето ќе ја лизне капсулата и темелите на златниот Молох ќе исчезнат во јароста на пеколот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Застој, велам, неисправна капсула или нечистотија околу ударната игла.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЕКСТАЗИ (ECSTASY) Форма: таблети, понекогаш и во форма на капсули, но капсулите се сомнителни, бидејќи често содржат есид или спид наместо екстази.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Смит викаше, а под нив, во таа чудна соба, крвта течеше во капсули, разматена, се обрнуваше во центрифуга, беше размачкувана на стакленца, под разни микроскопи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Морав сам на струг да ги направам и двете дванесет-калибарски чаури, а потоа и сам да ги наполнам; морав да ископам еден прастар микрофилм со инструкции за полнење на чаури; Морав да направам преса за да ги подесам капсулите -а сето тоа е многу зафркнато.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Други двајца носат капсули со прашок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кај него беше најдена една бомба, две капсули за динамит и револвер.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од сета терапија на својата комплицирана дијагноза тој највеќе го применуваше десеттиот рецепт од Богевиот совет да не се нервира; па затоа полната дланка апови, таблети и капсули трипати на ден ја заменуваше со три полни напрстока од капачето на шишето коњак.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секогаш ми горчеа и сирупите и капсулите што моите деца ги голтаа на сила, а мене ми го дереа грлото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ова е јазиче или чкрапец. Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира по капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)